Петмина мирни жители, две деца и три жени, загинаа ноќеска при бомбардирањето на источниот украински град Горловка (Хорливка на украински) од страна на силите на Киев. Ова го соопшти Министерството за одбрана на прогласената од сепаратистите Донецка народна република (ДНР), цитирано од агенциите.

UKR

Стрелано било врз живеалишта во Горловка.

Портпаролот на Заедничкиот центар за контрола и координација на режимот за прекин на огнот во зоната на конфликтот ги потврди податоците за загинатите, наведува ТАСС.

Во изминатото деноноќие украинските воени структури 38 пати стрелаа врз територијата на ДНР што прекршување на режимот за прекин на огнот, соопшти Министерството за одбрана на ДНР.

Според него Киев “повторно користел артилерија”, вклучувајќи анти-авионски лансери, тенкови, топови и противтенковски наведувачки проектили.

Слични содржини