Давам поддршка за лидерот кој безрезервно работи за државата, поддршка за граѓаните на Македонија кои ќе спроведат фер и демократски избори, со овие зборови унгарскиот премиер Виктор Орбан ја започна вчерашната краткотрајна средба со Груевски во Охрид.
Освен поддршката за сестринската партија и желба за нивна победа на локалните избори Орбан побара Груевски од опозиција да најде начин и да се избори со заканата од доселување на мигранти.
„Клучна работа е затворањето на западно балканската рута. Тука Македонија има клучна улога. Македонија прифати да изврши затворање“ – изјави Виктор Орбан, премиер на Унгарија.
На средбата Груевски пред Орбан, но и поранешниот словенечки премиер Јанез Јонша се пожалил и за лошата предизборна кампања, притисоците од Власта врз дел од неговите кандидати за градоначлници како и за притисоците врз медиумите, судовите и судиите.
„Постојат уште многу причини кои заради што граѓаните ја видеа огромната разлика помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, и видоа навистина дека кога станува збор за ВМРО ДПМНЕ секогаш станува збор за партија која е посветена на многу работа и националните интереси. Од тука дојде и нашиот слоган „Секогаш работа, секогаш Македонија“ – вели Никола Груевски – лидер на ВМРО-ДПМНЕ
Поддршка за победа на претстојните избори упат и Јонша кој рече дека и покрај селективната правда за која информирал Груевски е сигурен дека граѓаните ќе ја препознаат подобрата страна на нештата.
„Бев многу позитивно изненаден честитки за се постигнато и знам дека напредокот не бил постигнат од големи средства од надвор и кохезиски средства до кои уште немате права. Затоа знам дека ова е резултат на добро владеење и добри внатрешни резултати“, рече Јанез Јанша, екс премиер на Словенија
Орбан и Јанша потенцираа и дека изборите ќе бидат тест за земјава која претендира да стане членка на ЕУ и НАТО. И двајцата посочија дека без разлика на текот на нештата земјите кои ги претставуваат секогаш ќе бидат поддршка за влез на Македонија во Европското семејство.