DW: Нови избори ќе ја стопат „златната акција“ на ДУИ

од Vladimir Zorba

Нови избори ќе ги изедначат резултатите во македонскиот блок, а ДУИ ќе остане без примат во албанскиот, покажа анкета на „М-проспект“. Од ДУИ велат дека одлуките ќе ги градат преку резултатите добиени од изборната анкета

Доколку утре се одржат избори ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе бидат речиси изедначени, но и ДУИ ќе биде изедначена со други партии во албанскиот блок, покажаа резултатите од најновата анкета на агенцијата „М-проспект“ направена по нарачка на ТВ „Телма“ и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Според резултатите, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 23,3 отсто од граѓаните, за СДСМ 23 отсто, за „Беса“ 3,5 отсто, за ДУИ  3,3 отсто, Алијансата за Албанците би добила 1,5 отсто, а ДПА 2,2 отсто.

АХМЕТИ ГО ДОБИЛ СПИСОКОТ ОД ЗАЕВ, ПРЕГОВОРИТЕ НЕ ЗАПИРААТ, КАКО И РАЗИГРУВАЊАТА ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

Извори во ДУИ, партијата која со изборниот резултат и распоред на силите ја има „златната акција“ за состав на влада, велат дека за нив најважна останува изборната анкета, анализира DW .Затоа, во сензитивниот период на разговори за нова влада ќе се раководат од сопствени анализи, со цел ништо да не биде протолкувано како странична сугестија во однос на одлуката на партијата.

„Последната и најголема можна ‘анкета’ беше спроведена на изборите на 11-ти декември и ДУИ е најмногу посветена на анализирање на тие резултати. Секако, нема да ги игнорираме и оние кои ќе ги има во овој период, но тие не се пресудни.

./…

Ахмети: Ние не брзаме…

Од партијата не сакаат да коментираат „што би било – кога би било“, односно дали токму ова тактизирање со одлуката, ќе влијае ДУИ да го изгуби приматот на прва партија во албанската заедница, на евентуално нови избори. Особено, што од денеска ќе се посветат на анализа на „писмените материјали“ што ги добиле од СДСМ за клучните теми на разговори, со забелешка дека „ова е само почетна фаза“. Тоа навестува дека на ДУИ и натаму ќе му биде „потребно време за добра, а не брза одлука“, како што досега многупати потенцираа од партијата.

целиот текст тука

Слични содржини