(ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО) Динко В’лев тргна да го апси Миленко, а него го уапсија на македонската граница со нова плоча за Кајмакчалан!

од desk3
319 прегледи

Динко Влев од Јамбол, кој стана познат како “ловец на бегалци”, бил уапсен на бугарско-македонската граница. Тој бил запрен од македонските гранични полицајци. Причината за апсењето била дека , бидејќи тој почнал да ги снима граничарите-јави  Блиц.

1475166324-sfds
“Избриши ги овие слики. Ти немаш право да ни сликаш”, се гледа во разговорот на Динко со граничен службеник на клип објавен на страната му Фејсбук. “Ти си јавна личност, бре, човек. Како да не те снимам. И зошто сега не ме пуштате во Македонија ?!”, прашува реторички В’лев . “Има други, што решаваат дали ќе влезеш или не”, одговара човекот.

Тој се обидел да пренесе спомен плоча, слична на онаа која беше скршена од Миленко Неделковски. Динко бил запрен од граничните полицајци и сеуште се наоѓа таму, соопшти Нова телевизија.

Името на Динко стана синоним за Бугарија.

Пред неколку дена Динко најави дека заминува да се расправа со Миленко Неделковски и луто му се закани. Најверојатно тоа е причината за неговото апсење.

Слични содржини