Eмили Ратајковски се избори за насловна на Вог

од Vladimir Zorba

Емили Ратајковски успеа да се здобие со прва самостојна корица за списанието Vogue или поконкретно за шпанското издание.

Жешката бринета измина долг пат од модел во видеа (се појави во 2013 година во музичкиот клип на Робин Тик “Blurred Lines”), до актерка и убавица со светска слава.

Факт е дека Ратајковски постигна меѓународна слава благодарение на социјалните мрежи или побрзо од разголените фотографии кои ги објавува редовно.

Таа има над 10 милиони следбеници на Instagram со кои често ужива со совршените облини на телото, во форма на селфиња и белфиња.

25-годишната убавица позираше за Модната библија во пустината, носејќи лелеави фустани со свадбен вкус.

Косата на Емили е во несериозна пунџа, а другиот акцент во изгледот се металните ѓердани околу вратот.

Ѕвездата од хитот “Gone Girl” неодамна се појави и на насловната на Vogue, Германија, но не сама, туку во друштво на уште попопуларни модели – Стела Максвел, Ирина Шејк, Лили Олдриџ и Роузи Хантингтон-Вајтли.

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Слични содржини