Веќе е јавно познато дека тие двајца се расправаат за тоа кој ќе го добие старателството врз децата, меѓутоа изгледа дека тие исто така ќе се спорат и за тоа кој ќе го добие накитот.
Во документите за разводот од Бред Пит, Анџелина Џоли побарала да го добие накитот како и други лични предмети. Дијамантите наводно вредат цело богатство, вклучувајќи го и вереничкиот прстен од 250 илјади долари, што Бред и го даде на Анџелина.
Пит работел со Роберт Прокоп, повеќе од една година за да го дизајнираат дијамантскиот прстен, составен од 16-каратни скапоцени камења.
Но, постојат повеќе скапоцени камења во нејзината кутија за накит.
На оскарите во 2009-та година, таа се појави на црвениот тепих со големи смарагдни обетки од “Lorraine Schwartz”(познатиот дизајнер за накит што го дизајнераше вереничкиот прстен на Ким Кардашијан), кои чинеа 2.5 милиони долари, додека пак на раката носеше потполно ист прстен во вредност од 1 милион долари.
Повеќето скапоцените камења кои таа ги носела на црвениот тепих, се од познатиот дизајнер Роберт Прокоп, тие соработуваат заедно уште од 2010-та година. Тој исто така го дизајнираше дијаманатскиот гердан што таа го носеше во филмот “The tourist”.
На 18-ти септември Анџелина поднесе барање за развод од Бред. Наводно, нивната разделба се должи на разликите за животниот стил и родителството.