Новиот закон за енергетика нема да има влијание на евтината тарифа за домаќинствата, но можно е граѓаните да имаат различен термин на нејзино користење што ќе зависи од снабдувачот со електрична енергија. Ова го потврди денеска на прес-конференција вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во рамки на јавната расправа по Предлог законот за енергетика која се воеше во Владата.

– Снабдувачите најверојатно ќе понудат пакети за домаќинствата во кои ќе биде содржана и евтината тарифа, но во кој термин од денот ќе се реализира тоа ќе зависи од нивниот договор со дистрибутерот на електрична енергија. Инаку, евтината тарифа не произлегува од законот туку од техничките потреби и можности – рече Анѓушев./Плусинфо