ФА Куп: Манчестер Јунајтед – Тотенхем е дербито на „Вембли“

од Vladimir Zorba

Манчестер Јунајтед – Тотенхем е дербито во полуфиналето на ФА Купот.

Ждрепката беше извлечена веднаш по победата на Челзи над Лестер, откако „сините“ можеби имаа среќа и во другиот натпревар ќе играат со Саутемптон за влез во финалето.

Натпреварите ќе се одржат на стадионот „Вембли“ на 21 и 22 април, откако 12-кратниот победник Јунајтед имаат потешка задача предвид тензиите околу Жозе Мурињо и силното претставување на Тотенхем, кои бараат прв триумф на турнирот од 1991-та година.

Во Челзи пак сигурно се задоволни, откако претходните три пати, во кои го исфрлија Лестер од турнирот, како што го направија и денес, стигнаа до трофејот, што се случи во 1997, 2000 и 2012-та година.

Слични содржини