🎥Мбапе и официјално соопшти дека заминува од ПСЖ

од Vladimir Zorba

Килијан Мбапе официјално ја објави својата иднина. Францускиот напаѓач преку видео изјави дека се разделува со Пари Сен Жермен, не продолжувајќи го договорот, кој истекува на крајот од актуелната сезона. Иднината на Мбапе се поврзува со Реал Мадрид, а Мадрид речиси сигурно ќе биде следната дестинација на младиот играч.

„За мене беше чест да бидам дел од ПСЖ и им благодарам на сите што ми помогнаа. Сакам да објавам дека нема да го обновувам договорот и си заминувам од ПСЖ“, беа дел од зборовите на напаѓачот.

Ова е прво јавно признание за Мбапе дека го напушта ПСЖ, а со навивачите ќе се збогува во недела кога парижаните ќе се сретнат со Тулуз на „Паркот на принцовите“.

Слични содржини