ЗАВРШИ ПОЛИЦИСКАТА АКЦИЈА: Затворени се филијалите на Поштенската штедилница на северот на Косово

од Илинка Илиоска
818 прегледи

„Директорот на Поштенската штедилица е уапсен и одведен на распит иако група од оклу 20 луѓе се обиде да ја спречи полицијата. Акцијата на косовската полиција е завршена. Ситуацијата е мирна“, изјавија за Локално сведоци на денешната полициска акција на северот на Косово.

Претходно, Ветон Елшани портпаролот на косовската полиција задолжен за северниот дел на Косово за Локално изјави дека по добиените информации дека се врши незаконско дејствување во некои бизниси на северот од државата, по овластување на обвинителот интервениравме и ги проверуваме.

„Со нас е и Даночната управа на Косово“, изјави Елшани.

Косвскиот министерот за внатрешни работи Џелал Свечла изјави дека затворањето на овие единици е дел од мерките за воспоставување ред и мир на северот.

„Со цел утврдување законитост, по комуникација и барање на надлежните институции и овластување на обвинителот, косовската полиција во соработка со Даночната управа на Косово, во четирите општини на северот на Косово, денеска ја спроведе операцијата на контрола и затворање на 6 единици на т.н.

Акцијата на косовската полиција ја следеа припадници на ЕУЛЕКС и КФОР.  Во близина на Поштата во Звечан има и полициски службеници на ЕУЛЕКС. Тие носат панцири, на кои јасно е истакнат знакот „EULEX-NADGLEDAČ“.

Во меѓувреме, некои српски граѓани заедно со функционери на опозициската партија „Српска демократија“ извршија симболична акција со фрлање брашно, јајца и други прехранбени производи пред возилото на полицијата паркирано пред зградата на банката.

„Ќе бидеме принудени да ги повлечеме плаќањата во динари во Рашка и други места во Србија. Неодамна тука се носат помали количини динари, но сега сакаат сето тоа да го земат. Ова го доведува во прашање опстанокот на Србите на Косово“, изјави Стефан Вељковиќ од Српска демократија.

Во меѓувреме, директорот на таканаречената Канцеларија за Косово во Владата на Србија, Петар Петковиќ, акцијата ја поврза со неприклучувањето на Косово во Советот на Европа.

„По лична наредба на Албин Курти, во 15:15 часот полицијата изврши рација во сите експозитури на Поштенската штедилница и на Секторот за трезор во четирите општини на северот на Косово. Курти чекаше да помине дијалогот и откако го доживеа неуспехот на нечленството на Косово во Советот на Европа, презеде ново еднострано движење со цел да поттикне немири и хаос“, оцени Петковиќ.

Реагираше и премиерот на Србија, Милош Вучевиќ.  Тој, акцијата ја опиша како „варварски чин кој директно го загрозува опстанокот на српскиот народ“ на Косово.

„Кој и зошто ѝ пречи на Поштенската штедилница? Поради проверката. Србите во Косово се единствената заедница во Европа која не може да работи нормално. Дали имаат право на плати и пензии? Или ништо не е дозволено“, рече Вучевиќ“

Во соопштението се вели дека овие прашања не се упатени до премиерот на Косово, Албин Курти, туку до меѓународната заедница.

Преку Штедилницата, платите, исплатите за социјалните шеми и другите бенефиции што Србија им ги дели на косовските Срби се делат во динари.

Акцијата беше преземена неколку дена откако пропадна седмата средба во Брисел за изнаоѓање решение за динарот кај српската заедница.

Според регулативата на ЦБК, која беше одобрена во февруари годинава, валута во која може да се плаќа во готовина е само еврото.

ЕКСКЛУЗИВНО ОД КОСОВСКА МИТРОВИЦА: Полицијата делува во координација со косовското УЈП

И.И.

 

Слични содржини