Во мојата професионална кариера во Управата за безбедност и контраразузнавање никогаш се немам сретнато со г-дин Мијалков, иако до нас во периодот 1999-2000 година пристигнуваа одредени информации поради кои беше сменет од функцијата помошник на министерот за безбедност и разузнавање во Министерството за одбрана, очекувам за тие работи јавно да се проговори во судскиот процес против него,вели во интервјуто за неделникот Фокус екс директорот на УБК, Горан Митевски.

goran-mitevski-540x314

Прашан колку луѓе би требело да бидат ангажирани во скандалот прислушување од кои аудио снимки и транскрипти објавува СДСМ на прес конференции Митевски вели-За актуелната бројка би требало да шпекулирам, но секако во целата операција биле вклучени поголем број лица.

Само би напоменал дека е невозможно лица вработени во Управата за оперативна техника неовластено да прислушуваат и да снимаат разговори подолго од 4 години, а за тоа да не знаат нивните претпоставени. Системот на хиерархија и контрола не го дозволува тоа, бидејќи таму има началник на Управата, негов заменик, началник на сектор, началник на одделение и невозможно е некои вработени толкав период да доаѓаат на работа, да ја злоупотребуваат опремата за прислушување за потребите на странски служби, а тоа да не го забележат нивните претпоставени. Тоа е апсурд

Митевски претпоставува дека прислушувањата  се нарачани од Груевски и од Мијалков, верува дека тоа ќе мора да се расветлат во судскиот процес. Поточно, убеден сум дека ќе биде така. Не би сакал да откривам повеќе деталивели тој за неделникот.

Поранешниот директор на УБК појаснува дека е моѓно министерката Јанкуловска,која и самата е прислушувана да не била информирана за оваа масовна операција на примена на вакви мерки и дека најверојатно се правело со усна наредба на актуелниот директор на УБК.

Целото интервју со Горан Митевски можете да го прочитате во Фокус.мк 

Слични содржини