Според Форбс најбогатиот бизнисмен од Македонија е Минчо Јорданов со 35 милиони евра. Под своја капа тој ги држи Макстил, клиниката Ремедика, ракометниот клуб Металург и винаријата Стоби, весникот Нова Македонија. НА вакви бројки се чудни проблемите кои ги имаат со платите во дел од неговите фирми, но Форбс  го посучива него како најбогат.

1minco3

Форбс ги објави и најбогатите луѓе на Балканот. Станува збор за  по двајца бизнисмени од Србија и Хрватска и еден од Словенија.

Според  реномираниот магазин прв на листата е  Србинот Ивица Тодоровиќ чие богатство се проценува на 581 милион евра. Тодоровик е сопственик на Агрокор а во неговата компанија работат 30 илади лица.

Словенецот Сенди Чешко со 481 милион евра или со дури 100 милиони помалку од прворангираниот се најде на втората позиција. Парите ги заработил преку дирекна продажба на телевизијата топ- шоп. Според словенечките медиуми Чешко претставувал поим за скромна личност, тој немал секретарка ,немал  ниту пак викендица , а на работа патувал со велосипед.

На трето место според Форбс е сопственик на холдинг компанија од Србија –  Миодраг Костиќ чие богатство се проценува на 234 милиони евра. Компанијата на Костиќ содржи 36 меѓусебно поврзани фирми.

На листата на американскиот магазин како четвртопласиран најбогат балканец е хрватот Емил Тедеши – сопственик на Атлантик Груп. Оваа висока позиција е благодарение на неговите заработени 145 милиони евра.

Како петти на листата е српскиот државјанин Вук Хамовиќ, кој своето богатство го стекнал работејки во секторот енергетика.

Престижниот весник пред само еден ден ја објави и листата на најбогати луѓе во Америка. Таму веќе 20 години нема промена на првата позиција, и натаму набогат американец е Бил Гејтс со богатство од 75 милијарди долари.

Според проценките општата состојба на 400-те најбогати Американци инесува 2 трилиони долари што е идентично на рускиот бруто домашен производ

Слични содржини