Лидерите na Демократскиот Сојуз, ФРОДЕМ и ОМ денеска се сретнале за да разговараат за решавање на политичките проблеми на државата.

Ljube
Од партиите на Трајанов, Кекеновски и Бошковски не даваат подетални инфорамации за разговорите, но локално.мк дознава дека се договарало формирање на голема коалиција од малите партии за настап на следните избори со цел рушење на бипартизмот во Македонија кој владее веќе 25 години.

Како што дознаваме, при начелното договарање на заедничката изборна програма, било апострофирано поставување на нови и цврсти темели за итен и непосреден економски развој, незавиност и професионализација на институциите и еднаквост на граѓаните пред законите.
Демократскиот сојуз и ФРОДЕМ  веќе се во Коалицијата за промени и правда. ОМ засега не е во ниту една колиција , а Бошковски по излегувањето од затвор работи на зајакнување на партиската инфраструктура низ државата.

Она што се шпекулира во јавноста е дека и генералот Стојанче Ангелов е во серизона размисла да ја приклучи и партијата “Достоинство” кон оваа колаиција, но се очекува органите на партијата да се произнесат за ваквото дејствување.

Слични содржини