(ФОТО) Уништен билборд на Саша Богдановиќ

од Vladimir Zorba
98 прегледи

„Паранојата кај Никола Груевски и ДПМНЕ од изборен пораз се повеќе се зголемува, свесни за слабата поддршка која ја добиваат од граѓаните ги уништуваат билбордите на нашиот кандидат за градоначалник на општина Центар, Саша Богдановиќ.

На 15 октомври ќе се одржат фер и демократски избори, а граѓаните, за разлика од досега, без никакви притисоци и закани ќе го дадат својот глас.

Граѓаните на општина Центар не го забораваат деструктивното однесување на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кога се гласаше три круга, кога се гасеа лифтови за гласачите да не можат да излезат на гласање, се носеа „човечиња“ од Пустец. Ова не е првпат да се спроведува ваков чин од страна на опозициските активисти кои со вакви мерки се користеа и на претходните изборни процеси, надлежните органи да реагираат и да ги спречат ваквите девијантни појави.

Доаѓа одговорна локална власт во општина Центар на чело со Саша Богдановиќ која ги почитува законите и тие важат за сите подеднакво“, соопштуваат од СДСМ Центар.

Слични содржини