(ФОТО) Запалено возило на истакнат член на СДСМ Битола

од desk3
142 прегледи

Во утринските часови, на истакнат член и активист на СДСМ Битола беше запалено возило марка Toyota Corolla-информира А1он. Возилото е намерно запалено и притоа е причинета штета и на околните возила, велат од СДСМ Битола.

opozarenoVozilo-2

Полицијата во дневниот билтен вели: На 14.04.2015 година околу 03,40 часот во Битола, на ул.„Тошо Даскалот“ од засега непознати причини настанал пожар на паркирано ПМВ марка „Тојота корола“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на П.Ј.(59), при што истото е целосно опожарено. Од пожарот на возилото опожарено е и паркирано ПМВ марка „БМВ 525 Д“ сопственост на В.Д.(42). Се преземаат мерки за утврдување на причините коишто довеле до опожарување на возилото и целосно расчистување на настанот.