(ФОТОГРАФИИ) “Гардијан” го објави името на лондонскиот напаѓачот

од Vladimir Zorba

Тоа е 47-годишниот Дарен Озборн.
Лондонската полиција соопшти дека против 47-годишниот маж, кој извршил нападот во британската престолнина рано изутринава, ќе бидат покренати обвиненија за тероризам. 47-годишниот беше приведен од властите откако се удри со автомобил во толпа пред џамија. Во нападот загина еден човек, а десетмината настрадаа. Претходно полицијата соопшти дека притворениот е 48-годишен.

Првично тој бил уапсен под сомнение за обид за убиство. Полицијата верува дека тој дејствувал сам.

“Гардијан” пишува дека напаѓачот се вика Дарен Озборн, кој живее во Кардиф. Тој е оженет и има четири деца.

Слични содржини