120
Француското Национално собрание донесе нови, построги правила за пратениците кои бараат надомест на трошоци од Собранието.
Според новиот правилник, ќе се врши контрола на трошоците што ги пријавуваат пратениците, и тоа најмалку еднаш во нивниот петгодишен мандат. Пратениците имаат право да побараат до 5.373 евра месечно за разни трошоци, а досега не се вршеле проверки на трошењето на овие пари.
Собранието воедно ќе изработи листа на тоа какви трошоци ќе се одобруваат, а кои нема. Ќе се забрани и надомест на трошоци за купување или изнајмување на имот од роднини на пратениците./MIA