Георгиевски ќе ја претвори Гази Баба во услужна општина

од desk2
71 прегледи

По 15. октомври ќе изградиме општина целосно отворена и услужна кон секој граѓанин, општина во која сите без исклучок ќе можат да добијат навремени, целосни и евтини услуги, изјави денеска Борис Георгиевски, кандидат за градоначалник на Гази Баба од СДСМ.

Тој им порача на граѓаните дека ќе можат да ги добијат сите услуги на едно место и од локалната и од централната власт вети воведување електронски систем на услуги како и мобилни канцеларии во секое село со што општината целосно ќе се отвори кон сите.

– Почитувани, јас и мојот тим ќе ги вклучиме сите граѓани во донесувањето на сите клучни одлуки на нашата општина, во носењето на буџетот и транспарентно ќе работиме со трошењето на народните пари и постојано ќе известуваме за сработеното, додаде тој.

Вети целосно враќање на моќта на месните и урбаните заедници преку кои ќе се работи на подигнување на квалитетот на животот на сите.

– Новата локална власт целосно ќе работи на модернизација на јавниот превоз, нови пријатни градинки за нашите деца како и чисти и загреани училишта. Нема да ги заборавиме и загрозените семејства на кои ќе им дадеме нашата помош како нова локална власт, рече Георгиевски. Вети дека сето ова ќе се спроведува преку демократските принципи на чие унапредување ќе работат со полна пареа.

– По 15 октомври Гази Баба ќе биде еден вистински модел на отворена и услужна локална самоуправа, општина за сите, нагласи кандидатот за градоначалник на СДСМ.

Слични содржини