Ѓукановиќ: Голем ден за Црна Гора, Западен Балкан и за НАТО

од desk3
91 прегледи

Црногорскиот премиер, Мило Ѓукановиќ, оцени денеска дека поканата за членство во НАТО е важен ден за Црна Гора, Западен Балкан и за Алијансата и најави продолжување на реформите, зајакнување на владеењето на правото и зголемување на поддршката кај јавноста.

milo-djukanovic

Според Ѓукановиќ, денешната покана за членство е историски и најважен датум од референдумот за независноста на Црна Гора од 2006 година. Тој истакна дека влезот во НАТО е „прашање од национален интерес, затоа што во Алијансата влегува цело општество“.

Русија остана без влијанието во Црна Гора,се заканува дека по приемот во НАТО ќе ги прекине проектите

Црногорскиот премиер ја окарактеризира покаканата на Црна Гора и како важен ден за Западен Балкан и изрази уверување дека тој момент „ќе даде ветер во реформските едра и за интеграциските процеси во опкружувањето“.

 

META

Слични содржини