Гласањето во шеста изборна единица се одвива во мирна и демократска атмосфера

од Vladimir Zorba

Гласањето во шестата изборна единица се одвива во мирна и демократска атмосфера. Сите избирачки места се навреме отворени. Излезноста, како што велат од избирачките одбори, во утринските часови е мала.

– Излезноста засега е мала, најверојатно поради студеното време, но очекуваме во текот на денот одзивот на гласачите да се зголемува – велат од избирачките одбори од Општина Тетово.

Шестата изборна единица е најголема во Македонија и тука се запишани 307.817 гласачи.

Според информациите од ДИК, излезноста до 10 часот во изборната единица 6 е 5,10 проценти./Мета.мк

Слични содржини