Гори зрада во Аеродром

од desk4
362 прегледи

  Пожар избувна во подрумските простории зграда во повеќекатница на ул. Владимир Комаров во Аеродром, јавува МИА.

На местото веќе се наоѓаат шест противвпожарни возила, а полицијата го блокира пристапот на улицата и запрен е сообраќајот.

Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот во подрумските простории од каде што излегува чад.

Граѓаните од зградата и од соседните згради се излезени надвор.

Од полицијата соопштуваат дека пожарот бил пријавен околу 14.10 минути и оти се уште не се знаат причините за пожарот.

Слични содржини