Градење вон стандарди

од Vladimir Zorba
Пукнати канализациони цевки, одронување на земјиште, опасност од рушење на градби, ова е само почеток на проблемите кои следат оценуваат архитектите по пукањето на главната канализациона мрежа на ископот пред новата зграда кај Факултетот за драмски уметности, информира 24Вести.
Според нив непочитувањето на забраната да се гради покрај реката Вардар носи последици.
 Со санирање на проблемот веќе три дена се мачат работниците на  ЈП Водовод и канализација, а полицијата веќе трет ден ја блокира улицата за сообраќај поради машините. На улицата денеска беа новите цевки со кои како што велат работниците треба да биде заменета главната цевка на скинатата канализациона мрежа. Вчера општина Центар издаде забрана за градење која официјално стапува на сила денес, но на терен инвеститорот „Волис Пропертис“ не ја испочитува.
Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини