Граѓани протестираат за чист воздух

од desk3
102 прегледи

 Маршот го организира Коалицијата за чист воздух О2 и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, заедно со уште 18 невладини организации.

На маршот се приклучија и владини претставници.

Граѓаните се собраа пред Владата во 17 часот, од каде преку булеварите „Илинден“ и „8 септември“, ќе се приклучат на граѓаните од „Ние сме Карпош 4“ и „Заедни за заштита на зеленилото во Каарпош“ кои протестираат против уништувањето на зеленилото во општината.

– Сметаме дека токму овој период е исклучително важен за да се чуе гласот на граѓаните кои буквално, во сите поголеми градови во Македонија, Скопје, Тетово, Битола, Кичево, Струга, Куманово, Кавадарци директно ги чувствуваат последиците од токсичниот воздух. Овој период е особено важен пред новите локални власти, сакаме идните градоначалници сериозно да го сфатат проблемот и заедно со централната власт да можат да преземат итни мерки за решавање на проблемот – изјави Ели Пешева од Коалицијата О2.

Коалицијата О2 веќе испратила предлог мерки до Министерството за животна средина, а истите ќе им бидат доставени и на сите кандидати за градоначалници, од сите партии./НоваТв

Слични содржини