Грција е подготвена на компромиси, но не и да биде понижувана

од Vladimir Zorba
176 прегледи

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјавил  пред сопартијците дека е подготвен да склучи мудар  и долгорочен договор со меѓународните кредитори за долгот. Тој најавил дека е подготвен на компромис, но не и земјата да биде понижувана.

Greek Premier Alexis Tsipras decides the setting up of a political negotiation group

Според него, преговорите се во  финалната фаза  и остро критикуваше неименуваните конкретно по име извори кои веќе објавиле дека договор нема да има. Тој им “препорача” на критичарите да не пречат на преговорите, за оние кои сакаат да преговараат, да го сторат тоа. Ципрас побара од кредиторите почит и изјави дека Владата го спроведува долгот и е време Европа да го стори истото. Ципрас исто така ги критикувал “неостварливите” услови на ММФ.

Ципрас дојде на власт со намера да го предоговори својот долг и да се ослободи земјата од тешките штедење. Подоцна, сепак, рече дека е склон на познати компромиси. Сопартијци од “Сириза” сепак изјавиле дека нема да го поддржат договорот, кој сепак вклучува такви драстични мерки. Некои од нив дошле дотаму што не исклучуваат излегувањето на Грција од еврозоната и не го сметаат тоа за катастрофа.

До 5 јуни Грција треба да ја врати  нова рата во Меѓународниот монетарен фонд . Атина сака доверителите да доделат 7,2 милијарди евра по спасувачката програма, но еврозоната инсистира на реформсака програма од страна на грчката влада.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас одржа во петокот “пријателски и конструктивни” разговори за долгот со лидерите на Франција и Германија, но без знаци за пробив пред крајниот рок во јуни.

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави тогаш дека сеуште има многу работа да се направи пред да се постигне договор со Грција.

Слични содржини