Атина ветува да не ги крши човековите права на странците

 ограда

Грчкиот парламент го одобри законот потребен за остварување на планиранското враќање на кандидати за азил во Турција, пренесоа агенциите и Ројтерс. Нацрт-законот, усвоен со 169 гласа “за” и 107 “против”, го отвора патот за спроведување на договорот меѓу Европската унија и Анкара за враќање на бегалци и мигранти од грчките острови во Турција од понеделникот. Грција и Турција требаше да направат законски измени, за да дозволат да почне примената на шемата, критикувана од Високиот комесаријат за бегалци на ОН и правобранителски организации поради недостатокот на правни гаранции. Грчката влада вели дека ќе обезбеди почитување на човековите права на кандидатите за азил според меѓународното право. Во меѓувреме, Турција беше обвинета дека насилно враќа бегалци во Сирија. Извештај на “Амнести интернешнал” алармира за илјадници случаи во прекршување на меѓународните закони кои ги  поткопуваат темелите на договорот меѓу Анкара и Европската унија за канализирање на бегалскиот поток. Најчесто станува збор за бегалци без документи или за луѓе кои ги изгубиле привремените сертификати за престој.Така тампон зоната на границата меѓу Сирија и Турција се претворила во град .Откритијата доаѓаат на неколку дена пред да започне размена на бегалци за новиот договор помеѓу Европската унија и Турција. Во понеделникот, Грција треба да ја испрати назад првата група илегални мигранти, а неколку десетици Сиријци ќе ја напуштат Турција, за да бидат сместени во Германија.

Слични содржини