Грижата за возрасните лица е еден од врвните приоритети за кандидадот за градоначалник од СДСМ за Општина Центар Саша Богдановиќ, кој денеска на средба со Здружението за поддршка и развој „Хуманост“, посочи дека за некои возрасни лица нема кој да се грижи.
„Во општина Центар 20 проценти од населението се повозрасни лица. Грижата за нив е еден од моите врвни приоритети. Затоа ја продолжувам, но и проширувам грижата за овие наши сограѓани. Во моментов стотина лица на возраст над 65 години, добиваат нега во домашни услови, субвенционирана од општина. Во иднина сите лица кои ги исполнуваат условите ќе добиваат ваква нега и помош. Сакам да објавам дека ќе воведам и дежурни телефони за итни потреби на возрасните лица и нивните семејства. Уште еднаш сакам да ја истакнам мојата заложба и заложбата на мојот тим и на општината за секојдневна и целосна грижа за нашите повозрасни“, изјави Богдановиќ.