Груевски им се пожалил на Орбан и Јанша дека власта ја злоупотребува изборната кампања

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска во Охрид се сретнал со унгарскиот премиер и лидер на владејачката партија, Виктор Орбан и со претседателот на Словенечка демократска партија, Јанез Јанша.

Груевски, лидерите на сестринските партии ги информирал за текот на изборната кампања за локалните избори. Тој, кампањата ја оценил дека поминува со низа нерегуларности и злоупотреби од страна на владејачката гарнитура.

– Еден ден од објавувањето на листата градоначалници безмалку секој ден има кривична пријава против некој од нив. Тоа значи дека опонентите се свесни дека ќе ги изгубат изборите, дека се исплашени заради тоа и дека во паника, спасот го бараат во користење на средства кои не се фер и не се регуларни – информирал Груевски.

Орбан оценил дека Македонија е важна држава за Европа, иако не е членка на ЕУ, бидејќи има клучна улога во прашањето за мигрантите.

– Го замолив Груевски, Македонија да стори се што е можно за да ја спречи таа преселба на народите. Доколку таа маса луѓе помине низ нашите територии, радикално ќе ги смени нашите животи и услови за живот – изјавил Орбан.

Поранешниот премиер на Словенија и лидер на Словенечката демократска партија, Јанез Јанша изјавил дека резултатите од престојните избори се мошне важни.

– Овде не сум да ја поддржам некоја од партиите, туку се работи за поддршка на демократијата, во чиј интерес е да не се злоупотребуваат процесите – изјавил Јанша./Meта

Слични содржини