Груевски: Новата ера е… зеленило, зеленило, зеленило!

од Vladimir Zorba

Помрачувањето што сега и го прави власта на Македонија ќе заврши на 15 октомври годинава и ќе дојде нова ера со ВМРО-ДПМНЕ, им порача партискиот лидер Никола Груевски на присутните на вечерашната конвенција на ВМРО-ДПМНЕ во спортската сала Борис Трајковски за промоција на нејзините кандидати за градоначалници.

Груевски образложи 20-тина точки од документот „Новата ера почнува“ што е и нивен слоган за престојните локални избори.

 „Новата ера е зелен, зелена, зелено, односно во иднина најбитна ќе ни биде екологијата. Загревањето со дрва и нафта да го замениме со централно греење и палети. Ќе се бориме наместо сегашните 5 илјади долари по жител, да бидат како во високо рангираните држави кои имаат по 12 илјади долари“, рече Груевски.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, како што рече, во новата ера со него и неговата партија ќе ги направела градовите интелегентни и модерни а во напуштените села ќе ги врателе жителите на кои ќе им изграделе асфалтни патишта и ќе имале интернет.

Во, вообичаено за него, долгиот говор на крај истакна дека целта во која се убедени е дека по локалните на кои ќе победеле, ќе издејствувале предвремени парламентарни избори и дека ВМРО-ДПМНЕ многу бргу ќе се врателе на власт.

Слични содржини