Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, денеска потврди дека попладнево заминува за Македонија, во текот на утрешниот ден ќе се одржи рунда од Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД).

– Јас го ценам и поздравувам фактот дека под олеснување од нас, политичките партии во Македонија успеаја да постигнат краен рок за именување на Специјален обвинител и носење на закон за истиот. Тоа беше во пет утрината и дента се усвои потребната легислатива. Тоа е важен чекор и доказ дека европската заедница е блиску до развој на настаните во Македонија, а ние ќе ги следиме понатамошните чекори. Во секој случај, именувањето на обвинителите е важен елемент за нормализација на политичката ситуацијата во земјата и затоа ова е големо постигнување, јас сум среќен, но ова не е крај на приказната и земјата ќе ја „имаме на око” за тоа, потенцира Хан.

На крајот, комесарот истакна дека Турција, која во моментов има два милиони бегалци на својата територија, ќе добие помош од една милијарда вера, исто така преку ИПА 2 фондот на ЕУ, со цел да и се олесни справувањето со огромниот број на лица од Сирија и Либија на нејзината територија.

Слични содржини