Денес во седиштето на Европската Унија во Скопје, Претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети, оствари работна средба со Комесарот за соседство и проширување на Европската Унија,  Јоханес Хан.  Комесарот Хан ја позитивно ја оценил  улогата на Ахмети и на Демократската Унија за Интеграција во преговорите на работните групи за спроведување на договорот и истакна дека работата штотуку започнала.Ahmeti-Hahn2Лидерот Ахмети нагласи дека договорот треба целосно да се спроведе до последната точка и политичките лидери треба да останат доследни на дадениот збор во Пржино. Ахмети исто така ги претстави ставовите на ДУИ во врска со изборните реформи и истакна дека ДУИ се ангажира за добро спроведување на изборниот процес и да им се овозможи на граѓаните на мирен и демократски начин да го изберат најдобриот, се вели во соппштението од партијата

Слични содржини