По цела ноќ на дискусии, спорови и искрени расправии, грчкиот парламент го одобри третиот спасувачки заем за земјата, кој повторно доаѓа од Европа. Но гласањето ја стави под прашање иднината на “Сириза” како владејачка партија – бидејќи само 118 од пратениците на грчкиот премиер Алексис Ципрас го поддржаа пакетот. 32, вклучително и поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис, се изјаснија против пакетот, а 11 беа воздржани.

ципрасг

Слободна рунда – тоа е ситуацијата во “Сириза”, а Ципрас ќе сака гласање за доверба на крајот на август, откако ќе Атина плати 3,2 милијарди евра на Европската централна банка (ЕЦБ). Рокот истекува на 20 август.

Ципрас веќе ова го најави при претходното гласање, кога се определија рамките на договорот, дека ако не го поддржуваат најмалку 120 пратеници од “Сириза”, тој не сака да управува. Уште пред денешното гласање беше јасно дека “Сириза” ќе одржи вонреден конгрес во септември. Потсетуваме дека ако член на партија, влегол во грчкиот парламент и биде исклучен од нејзините редови, тој не може да биде пратеник.

Во светлината на повторната ескалацијата на политичката ситуација во Грција, локалното издание Greek Reporter направи интересна ретроспектива на големите неуспеси на модерна Грција. Пред сегашниот, тие се вкупно пет – во 1827, 1843, 1860, 1893 и 1932 година.

Првиот банкрот е крајно интересен, бидејќи тој е заради Војната за независност од Отоманската империја. Во 1824 година Грците земат 470 000 фунти од Лондонската берза, за да има пари за оружје. Но следната година е земен нов заем – 1,1 милион Фунти, со кој се платени дел од преземените предходни пари. На крајот сепак ослободената земја брзо капитулира финансиски заради каматата. Во 1832 година Грција е призната за независна држава и Големите сили го стават на тронот Ото од Баварија, а тој го презема управувањето на Грција со заем од 60 милиони. Француски франци , обезбедени од најмоќните европски држави. Во 1843 година Грција веќе не може да го плаќа и овој заем и најавува втор банкрот. Поради овој банкрот светските финансиски пазари не ја прифаќаат Атина неколку децении во иднина.

Доста импресивен е и банкротот од 1893 година. Тој станува факт поради шест земени заеми – три одделни за 155 милиони Франци, 89 милиони Франци и 60 милиони Франци од 1879 година, 120 милиони Франци од 1881 година, 100 милиони Франци за реконструкција на железничката мрежа во земјата од 1884 година, 135 милиони франци од 1887 година за вооружувањето, а во 1898 година е формиран Меѓународен комитет, кој се занимава со неспособноста на Грција да ги плаќа надворешни долгови.

Во XX век Грција преживува само еден банкрот – поради големата депресија, а во овој век Атина повторно е на колена и повторно сè се урна американскиот хипотекарен пазар и светската економска и финансиска криза.

Слични содржини