93
Иницијативата за разрешување на досегашниот државен јавен обвинител, Марко Зврлевски се уште не е доставена во Собрание.
Одлуката на Советот на обвинителите за разрешување на Зврлевски се очекува прво да стаса во Владата а оттаму да биде препратена во Собрание. Според информациите на Алсат-м, за разрешувањето на Зврлевски ќе се дебатира во текот на наредната недела. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека разрешувањето на јавниот обвинител е со цел блокирање на случаите на Јавното обвинителство против Зоран Заев.