Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска беше објавена пресудата за предметот со К.бр 1696/15 поврзан со протестите кои на 05.05.2015 година се одржаа пред Владата на Р.М.

POLICIJA

Ценејќи ги одредбите од ЗКП, приложениот доказен материја од обвинителството и одбраната како и исказите на обвинетите , судот ја утврди фактичката сосотојба и обвинетите Б.Ј. и А.Т. ги огласи за виновни за кривичното дело Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службени дејствија од член 384 ст. 1 од КЗ и ценејќи го правилникот за одмерување на казни кој е на сила, на Б.Ј. му одреди затворска казна во траење од 2 години и 4 месеци, додека на обвинетиот А.Т., алтернативна казна – Условна осуда од 7 месеци затвор која нема да се реализира доколку во рок од 2 години не стори ново кривично дело.

Воедно судот ја укина мерката притвор за обвинетиот Б.Ј. и му одреди мерки за претпазливост и ги врати мобилните телефони на двајцата обвинети.

Во однос на поширокото образложение за субјективното и објективното бите на кривичното дела како и поединечно за сите точки изнесени од страна на одбраната, ќе бидат детално образложено во писмениот дел на пресудата.

Интегрален текст од соопштение на ОС Скопје-1

Слични содржини