Јахјага бара од Владата Косово да прифати три илјади сириски бегалци

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Претседателка Атифете Јахјага побара од косовската влада да прифати сириски бегалци кои се останати по улиците низ ЕУ.

A migrant woman makes her way with a child as other migrants try to board a train at Gevgelija train station in Macedonia, close to the border with Greece, August 15, 2015. In the past month, an estimated 30,000 refugees have passed through Macedonia, another step in their uncertain search for a better life in western Europe.  REUTERS/Stoyan Nenov

Таа изјави дека бегалците може да се сместат во објектите каде што престојувал КФОР.

Како што пренесува онлајн изданието на весникот „Газета експрес“ Јахјага побарала да бидат прифатени до три илјади бегалци од Сирија.

Околу ова прашање таа претходно разговарала со министерот за труд и социјални работи Арбан Абраши од кого побара да се разгледаат сите можности и капацитети дали Косово може да се солидаризира и да згрижи бегалци од Сирија.

Како што понатаму наведува весникот најмногу бегалци има во Германија, Унгарија, Македонија, Србија, Грција и Турција.

Синоќа во центарот на Приштина граѓани палеа свеќи во знак на почит за удавениот тригодешен Ајлин Курди и неговото братче, чии потресни фотографии го обиколија светот./MIA

Слични содржини