Јанева до Сулејманов: Не можам да му објаснувам и одговарам на човек кој еден ден не бил обвинител

од Vladimir Zorba
97 прегледи

timthumb

Членот на Советот за јавни обвинители, Зоран Сулејманов, со дискредитации и навреди ја „избрка“ специјалната јавна обвинителка Катица Јанева од седницата на Советот, на која се разгледуваше Извештајот за 6 месечното работење на СЈО.

Сулејманов беше последен од членовите на Советот кој и поставуваше прашања на Јанева. Планирал на Јанева да и постави 77 прашања, но посочил дека сепак ќе ѝ постави 20 прашања. Сулејманов имаше многу забелешки и критики за Јанева

„Не доставивте до Советот финансиски план, општ работен план, персонален план, правилник за внатрешна организација на работните места, не го презентиравте првиот извештај и арогантно се однесувавте во Советот, избркавте две обвинителки од тимот и, што е најважно, не ни доставивте записник од тоа колку прислушувани материјали сте примиле“, рече Сулејманов.

Јанева одговори дека записникот за примените прислушувани материјали е класифициран податок и тој не смее да излезе од Обвинителството.

Сулејманов ја спорел и стручноста и капацитетот на Јанева, на што таа одговорила, дека не може да му објаснува и да му одговара на човек кој еден ден не бил обвинител.

Јанева ја напушти седницата, по што станаа и другите обвинители.

„Немам намера да одговарам на личните навреди и на прашањата кои се извадени од контекст и затоа ја напуштив седницата, но сметам дека и самите јавни обвинители и членови на Советот исто така ја напуштија седницата бидејќи не го оправдуваат начинот на кој постапуваше господинот Сулејманов“,изјави Јанева.

Сулејманов во Советот на јавни обвинители не е влезен од редот на обвинители, туку беше предложен од собраниската Комисија за избори и иемнувања.

Во Законот за СЈО е стриктно наведено дека Јавниот обвинител има целосна автономија во истражувањето и гонењето на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите.

Ниту еден јавен обвинител во Јавното Обвинителство на Република Македонија, вклучувајки го и Јавниот Обвинител на Република Македонија, неможе да влијае на неговата работа, или да бара извештаи поврзани со предмети од Јавниот Обвинител или јавните обвинители во рамките на Јавното Обвинителство.

На колегиумите во проширен состав во Јавното Обвинителство на Република Македонија не се повикува и не присуствува Јавниот Обвинител и јавните обвинители во Обвинителството и не се разгледуваат стручни, како и прашања од надлежност на Јавниот Обвинител.

Повисокиот јавен обвинител неможе да поднесе иницијатива ни барање за реферирање на одреден предмет или кривично правен настан до Јавниот Обвинител.

Јавниот Обвинител ќе поднесува извештај секои шест месеци за неговите/нејзините активности, вклучувајќи и опис за напредок во која било истрага или гонење преземено од Јавниот Обвинител. Во таквиот извештај може да бидат изоставени материјали кои според Јавниот Обвинител треба да се чуваат како доверливи, но ќе обезбеди соодвети информации за да ги оправда трошоците./a1on

Слични содржини