Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалност бр.13 во кој се споредени цените по кои се купувани авионска дезинсекција на комарци, системи за електронска евиденција на работното време, контејнери за отпад, собирање, транспорт и уништување на медицински отпад и пилешки стек. Најголема разлика во цените е евидентирана во набавката на системите за електронска евиденција на работно време, а најмала кај контејнерите за отпад.

пари

Поконкретно евидентирани се следните разлики:

  • авионската дезинсекција на комарци ги чинела институциите од 176 до 606 денари за еден хектар, со што највисоката цена е за дури 244% повисока од најниската;
  • системите за електронска евиденција на работното време се купувани по цени кои се движат од 43.200 ден. до 160.000 ден. за еден систем, со што највисоката цена е за дури 270% повисока од најниската;
  • контејнерите за отпад (метални 1,1 м3)се купувани по цени кои се движат од 12.383 до 18.502 денари, што значи дека највисоката цена е за 49% повисока од најниската;
  • собирањето, транспортот и уништувањето на медицински отпад ги чинело здравствените институцииод 41 до 95 ден. за килограм,со што највисоката цена платена за оваа услуга е за 132% поголема од најниската цена и
  • пилешкиот стек е купуван по цени кои се движеле од 172 до 315 ден. за килограм,со што највисоката цена е за 83% повисока од најниската.

Повеќе од Извештајот од Индексот на рационалноста е достапен и на www.ccc.org.mk .

 

 

 

Слични содржини