Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп вети нови работни места

од desk2
87 прегледи

Кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Марјан Ристески на денешната прес-конференција во индустриската зона „Прилеп 1“ на прилепчани им вети нови инвестиции и отворање нови работни места.

– Ветуваме проширување на капацитетите во слободната економска зона ТИРЗ Алинци. Во иднина во зоната да се отворат нови над 3.000 работни места. Пред се во компанијата „Гентерм“. која ќе се прошири со нови 1.000 работни места, во германската компанија „Акомпласт“ за 200 нови вработувања, а кога ќе почне со работа компанијата „Вик“ која сега се гради, да обезбеди нови над 1.000 работни места, нагласи тој.

Освен тоа Ристески нагласи дека ќе се доизгради инфраструктурата во индустриската зона „Прилеп 1“. Во зоната сега функционираат 12 погони со 500 вработени, а капацитетот на зоната е до 1.500 работни места. Ќе се градат и две нови индустриски зони.

Локалната самоуправа ќе отвори канцеларија за нови бизнис идеи на младите луѓе.

– Ќе има координација со образовниот систем, посебно со техничките средни училишта со домашните и странските компании за да се профилираат кадри што ги бара стопанството. Можност за влез на нови компании секако е започнатата изградба на магистралниот пат Прилеп- Градско, но и на гасоводот, започната од поранешната влада, изјави Ристески, кој ги повика прилепчани да гласаат за бројот 13, ветувајќи дека интенција на новата локална самоуправа ќе биде намалување на невработеноста за до 10 000 лица.

Слични содржини