Координативното тело за заштита и превентивни мерки од поплавите во општина Новаци денеска одлучи да почнат подготовките за санација и повторно ставање во функција на регионалниот патен правец Битола-Новаци.

На координативниот состанок, информира градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски, учествуваа генералниот директор на РЕК Битола Јовко Крстевски, претставници на Фабриката за опрема и делови-ФОД-Новаци, фирмата „Геинг“ и други стручни лица кои понудија решенија за воспоставување на сообраќајната комуникација меѓу Битола и Новаци, односно најфрекфентниот патен правец што го користат вработените во РЕК-Битола,.

– Регионалниот патен правец Битола-Новаци ќе биде повторно прооден, а на местото каде што беше пресечен ќе бидат поставени цевкасти пропусти со пречник Ф-1.800 што ќе биде доволно водата да истекува, а патот да функционира. Ги договоривме и обврските, а тоа значи од ФОД-Новаци ќе ги изработат цевките со соодветниот профил, РЕК-Битола ќе обезбеди потребна механизација за транспорт, утовар, растовар и монтирање на профилите, општина Новаци треба да обезбеди бетон за бетонирање и зацврстување на цевките. Доколку водата е на ова ниво тогаш се очекува до недела регионалниот пат да биде оспособен за сообраќај, потврди Котевски.

Инаку од претпладнево во испумпувањето на надојдените води во населеното место Новаци вклучени се и проесионални пожарникари од Скопје, а населението со поддршка на војници поставув дополнителни 2.000 вреќи за подготвено се да дочека новиот воден бран што го носи реката Црна. Во општина Могила ќе бидат поставени 5.000 вреќи, потврди градоначалникот Стево Пивковски

Слични содржини