Анџелина Џоли поднесе барање за развод од Бред Пит точно пред една недела. А, веќе во понеделникот Клои Кардашијан призна дека ѝ е еден од симпатиите.
32 годишната риалити ѕвезда не губеше време за да пушти глас кон “новопечениот ерген“ кој има 52 години, во последната колумна на нејзиниот сајт khloewithak.com.
Ѕвездата од риалити шоуто „Keeping Up With The Kardashians“ напиша: „Јас ги сакам холивудските мажи од 90-те“.
Убавицата додаде: „Пораснав со одредени многу жешки актери и пејачи од ТВ сериите и филмовите на 90-те. Погледнете кои од овие мажи ги сметам за пожешки пред 20 години, а кои сега“.
Првиот на нејзината куса листа беше Бред Пит. Клои вели дека тој повеќе ѝ се допаѓал “тогаш“.
„Тој беше згоден и во 90-те и сега, но повеќе ми се допаѓа помлад“, рече ѕвездата, не осврнувајќи се на тешката разделба со Џоли, која вклучува и тужба за наводно насилство врз Медокс.
„Го обожавав во „Запознај го Џо Блек“, но не ми се допаѓаше кога беше многу млад, како во „Телма и Луис“.“