Кој е Динко – бугарскиот „ловец на мигранти“, кој доаѓа да се соочи со Миленко Неделковски

од desk3
128 прегледи

Бугаринот Динко В’лев, „ловецот на мигранти“,  кој изјави дека ќе тргне по Миленко Неделковски (затоа што тој со токмак ја искрши бугарската спомен-плоча на Кајмакчалан), дека планира да го најде неговиот дом и да му го искрши автомобилот со чекан, во Бугарија е една од најекспонираните фигури во јавниот живот, јавува дописничката на „Мета“ од Софија.

dinko-i-milenko-foto

За некои Динко е национален херој, можен иден градоначалник на Јамбол, кој е негов роден град. Некои се категорични дека Динко е „вистински Бугарин“, ја бранел државната граница од мигранти „како што треба секој Бугарин да направи“.

Тој силно се залага против организации со надворешно финансирање, како бугарскиот Хелсиншки комитет. Поради тоа, тој има многу поддржувачи.

В’лев е, всушност, сопственик на неколку компании, а во минатото бил поврзуван со луѓе од криминалните кругови.

Тој е спортист и возач на АТВ-мотори (тренски возила со погон на сите тркала), но, сепак, вели дека ќе нема судир со Неделковски затоа што тој за него бил физички слаб.

– Ако го фатам, со бокс ќе го фрлам во воздух и нема да му дадам да застане. Но, за тепачка не зборуваме затоа што јас се тепам само со луѓе достојни на мене, а овој за мене е глушец – вели Динко.

 

META

Слични содржини