Кој се жалел и кој е одговорот по жалбата на обвинителите?

од Vladimir Zorba
135 прегледи

 

Ноќеска истече рокот за жалби, денеска ќе се знае кој се жалеше на одлуката  материјаите од „бомбите “ да не се доказ.

ојо

Дваесетина жалби, наводно, поднеле обвинители, по судската одлука со која снимките од прислушуваните разговори се издвојуваат како незаконски прибавени и не може да бидат ни доказ ни основа за судска одлука во 27 предмети, меѓу кои и против премиерот Никола Груевски и неколку други функционери. Од Обвинителството денеска ќе ја соопштат официјалната бројка, бидејќи рокот за жалба траеше ноќеска до полноќ, пишува DW

Државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, пред два дена за Дочје веле изјави дека „основните јавни обвинители се потполно автономни при донесувањето на одлуките за тоа како ќе постапат по повод донесените решенија“.

Причината за големиот број жалби различно се толкува во судските кулоари. Според едни, обвинителите „по дефиниција“ мора да вложат жалба, според други, на одлуката на судот се спротивставиле најмногу обвинители од чии канцеларии, наводно, во нивно отсуство биле одземени снимки и транскрипти од предметите, додека тие биле на одмор.

И за судбината на обвинителските жалби прогнозите се поделени. Некои се убедени дека тие нема да бидат прифатени, а други сметаат дека Апелацискиот суд ќе тактизира и ќе одолговлекува со одлуката, чекајќи да биде именуван специјален обвинител кој потоа ќе постапува по тие предмети. По шест месеци од поднесувањето на кривичните пријави од страна на СДСМ, сите предмети се уште се во предистражна постапка и за ниту еден не е отворена истрага.

повеќе тука

 

 

 

Слични содржини