Конечни резултати: За независност на Каталонија се изјаснија 90,18 отсто од гласачите

од Vladimir Zorba

На референдумот, што се одржа на 1. октомври, за независност на Каталонија се изјаснија 90,18 отсто од гласачите. покажуваат конечните резултати од гласањето што денеска ги објави каталонската регионална Влада.

Против отцепување на Каталонија од Шпанија се изјасниле 7,83 отсто од гласачите.

На референдумот гласале вкупно 2,28 милиони од вкупно 5,3-те милиони жители на Каталонија со право на глас.

Слични содржини