Коневски најави изградба на затворен пливачки базен во Аеродром

од desk2
87 прегледи

Аеродром ќе добие затворен пливачки базен, најави денеска кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски.

„Денеска во населбата Јане Сандански го промовираме проектот од нашата предизборна програма за изградба на затворен пливачки базен покрај кејот на реката Вардар. Станува збор за изградба на првиот затворен пливачки базен во Аеродром со олимписки димензии за ватерполо (33х25 метри). Ваквиот базен е од исклучителна важност за нашата општина, бидејќи не само што Аеродром ќе добие ново место за спортски настани и ќе го потврди уште еднаш епитетот „најспортска општина“, туку и дечињата ќе добијат можност за вежбање водени спортови во професионални услови“, рече Коневски.

Исто така, додаде дека ако ја добие довербата од граѓаните на претстојните локални избори, ќе ги поправа плочниците меѓу зградите и оштетените патеки.

„Со оглед на фактот што овој дел од општината изобилува со зеленило, ќе изградиме систем за наводнување со што ќе се олесни неговото одржување“, напиша Коневски на својот Фејсбук профил.

Слични содржини