Изборната кампања денеска ја почнуваме од населбата Острово во општина Аеродром. Во програмата за наредните четири години планираме целосна реконсрукција на улицата „23 Октомври“ (поранешна „Владимир Комаров“, изјави денеска Ивица Коневски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, поставувањето семафори во непосредна близина на училиштето „Браќа Миладиновци“ е се со цел децата да бидат безбедни во овој дел од општината.
Како дел од програмата за наредните четири години тој наведе поставување нови зелени површини, воведување автоматски систем за наводнување, што ќе овозможи, како што рече, населбата Острово да биде подобро место за живеење за нејзините жители.
– Исто така планираме и поставување подземни контејнери буквално во целата општина, така и во овој дел населбата. Очекувам со реализација на сите овие проекти во наредните четири години граѓаните во населбата Острово да добијат подобри услови за живеење, додаде Коневски.