Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас во интервју за грчката национална телевизија „ЕРТ“ изјавил дека, со министерот за надворешни работи, Никола Димитров се договориле да формираат заедничка комисија од експерти кои ќе ги отстранат иредентистичките поими во учебниците и географските карти.
Коѕаси изразил надеж дека до крајот на ноември ќе има првични резултати од работата на оваа комисија и како што кажал „да се изврши удар врз иредентизмот и врз картите со територијални претензии.“
Тој исто така изјавил дека ќе почекаат да завршат локалните избори за да видат дали новата Влада може да влезе во посериозни преговори за името.
Во интервјуто, уште еднаш го повторил ставот на Грција дека, Македонија не може да стане членка на НАТО и ЕУ без да се реши спорот со името, што било предвидено и со времената спогодба.