Македонската заедница во Србија загрижена за случувањата во Македонија

од desk2

Националниот совет на македонската национална заедница во Република Србија денеска преку соопштение објавено на нивната веб страна изрази загриженост за актуелните случувања во Македонија.

-Ние Македонците од Србија сакаме да пратиме порака дека се залагаме за мирна, стабилна и просперитетна Македонија во која ќе владеат добри меѓуетнички односи но истовремено се залагаме за унитарна, независна и слободна Македонија на сите нејзини граѓани Македонци, Албанци, Срби, Власи, Турци, Роми и Бошњаци и на сите други како рамноправни граѓани, се истакнува во соопштението.

Тие упатуваат апел до сите релевантни политички субјекти во Република Македонија, да изнајдат сила и државничка мудрост со дијалог и меѓусебен договор да ја надминат сегашната состојба за доброто на државата и нејзината демократска иднина.

Слични содржини