92
Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска на предлот на премиерката Беата Шидло го именуваше министерот за развој Матеуш Моравецки и за нов министер за финансии на Полска.
Како што јави Полското радио, Моравецки ќе го преземе раководењето со Министерството за финансии од Равел Шаламаха, кој е именуван за раководител новиот владин Комитет за економија.
Премиерката Шидло соопшти дека Моравецки ќе ги извршува функциите министер за финансии и за развој, „затоа што е неопходна координација меѓу министерствата надлежни за економски прашања“.
– Станува збор за структурни промени во државната администрација, рече Шидло.