Германскиот канцелар Ангела Меркел и грчкиот премиер Алексис Ципрас се спореле гласно за време на телефонскиот разговор.

ципрас меркел

Меркел се врати денес на работа по летниот одмор. Со тоа започна и втората половина на нејзиниот мандат. Уште во првиот работен ден дојде до уште една криза – според извори од кабинетот на канцеларката Меркел таа му телефонираше на грчкиот премиер Ципрас и меѓу двајцата се водел гласен спор пријави дописникот на “24 часа” од Германија.

Не се даваат детали за содржината на нивниот разговор, но темата беше претстојниот договор на Грција со кредиторите, што е услов за добивање на следниот помошен финансиски пакет. Техничките услови веќе се договорени, останува сепак политичката согласност. Таа треба да биде дадена од грчкиот Парламент и од пратениците во Бундестагот. Веројатно и поради таа причина Меркел инсистира Ципрас да даде повеќе од гаранција за принципиелно исполнување на договорот.

Германските пратеници нема да прифатат повеќе отстапувања од ветувањата дадени од Атина, и нема да гласаат нов финансиски пакет, ако не е придружен со доволно гаранции , ставила до знаење Меркел. Ако Ципрас одбие да ги обезбеди, можно е Берлин да прекине со давањето на помош и да обезбеди само привремен кредит за исплата на најголемите обврски.

Сеуште не е јасно кога ќе гласа Бундестагот.

Слични содржини