Меркел: Не ја поддржувам заканата на Трамп кон Северна Кореја

од Vladimir Zorba
86 прегледи

  Германската канцеларка Ангела Меркел денеска реагираше на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Северна Кореја ќе биде „целосно уништена“ доколку им се заканува на САД или на нивните сојузници.

– Не ја поддржувам таквата закана. Сметаме дека секое воено решение е сосема несоодветно и ги претпочитаме дипломатските напори. Според мене, тоа се санкциите и нивното спроведување. Се друго во врска со Северна Кореја го сметам за погрешно, изјави Меркел во интервју за Дојче Веле, додавајќи дека разговарала телефонски со Трамп пред неговиот говор во ОН.

Меркел нагласи дека Германија е подготвена да придонесе за решавање на кризата со Северна Кореја. – Иако овој конфликт е просторно далеку од Германија, сепак, тој не засега и нас. Затоа, јас и министерот за надворешни работи сме подготвени да ја преземеме одговорноста за ова прашање, рече Меркел.

Како пример за меѓународна соработка го посочи нуклеарниот договор со Иран и истакна дека го поддржува.

– Ова траеше многу години, но во крајна линија доведе до ограничување на можностите Иран да создаде нуклеарно оружје. Во случајот со Северна Кореја исто треба да се движиме по овој пат или нешто слично, се разбира заедно со САД, Русија и Кина, изјави Меркел.

Слични содржини