Педесетина мигранти од Сирија и Ирак штрајкуваат со глад на островот Хиос, барајќи да им се каже што ќе биде со нив согласно постигнатиот Договор меѓу Европска унија и Турција и бараат побрзо решавање на поднесените барања за азил.

133033404-540x320

Тие исто така бараат објаснување на меѓународните правила за заштита на бегалците и примена на програмата за релокација во Европа и во северна Америка.

Мигрантите во моментот се сместемни во кампот Соуда, со кој раководи Високиот комесаријат на Обединети нации за бегалци и во Општина Хиос.

Слични содржини